5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЏон Стоунс потпиша за Манчестер Сити

Џон Стоунс потпиша за Манчестер Сити

stones 33344

Бекот на Евертон Џон Стоунс (22) потпиша шестгодишен договор вреден 55 милиони евра со Манчестер Сити, објави најпрво УЕФА, а потоа потврди и англискиот премиерлигаш на својата интернет страница.

Стоунс медиумите минатата година го поврзуваа со Челзи. Иако финансиските детали на договорот не се откриени, медиумите шпекулираат дека отштетата изнесува околу 55 милиони евра.

Стоунс дојде во Евертон од Барнсли во 2013 година за три милиони фунти, станувајќи така вториот најскап одбранбен фудбалер на светот по Бразилецот Давид Луиз, кој премина од Челзи во ПСЖ за 50 милиони фунти.

„Сега кога договорот е склопен, се радувам за следната фаза на својата кариера. Видов што се случува на Етихад, тоа е амбициозен клуб со одличен тренер и одвај чекам да се вклопам и да помогнам во постигнувањето голови“, рече Стоунс, кој за англиската репрезентација има одиграно 10 натпревари.

Сити ја почнува новата сезона на домашен терен против Сандерленд на 13 август

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП