3 јули, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПогба се врати во Манчестер Јунајтед за рекордни 105 милиони евра

Погба се врати во Манчестер Јунајтед за рекордни 105 милиони евра

pogba 3335

Конечно заврши трансфер сагата која се закануваше да стане најдолга и најиритантна уште од времето додека Модриќ и Бејл цело лето се пазареа со Реал Мадрид.

Пол Погба по четири години повторно е фудбалер на Манчестер Јунајтед за 105 милиони евра отштета.

Досега рекордот го држеше Герет Бејл, кој во 2013 година од Тотенхем во Реал премина за 100 милиони евра. Кристијано Роналдо во 2009 година од Манчестер Јунајтед во Реал Мадрид отиде за 94 милиони евра, а ова лето Јувентус му плати на Наполи 90 милиони евра за Гонзало Игуаин.

Манчестер Јунајтед трансферот го објави ноќта во понеделник кон вторник.

„Погба е еден од најдобрите фудбалери на светот и ќе ни биде еден од клучните играчи. Брз е, силен, постигнува голови и ја чита играта подобро од постарите и посикусни фудбалери“, порача Жозе Мурињо, пред да соопшти дека тоа е последното засилување на Јунајтед за ова лето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП