9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСвечено отворени Олимписките игри во Рио (фото+видео)

Свечено отворени Олимписките игри во Рио (фото+видео)

ogin33

Летните олимписки игри коишто за прв пат се одржуваат во Латинска Америка рано утрово беа отворени со свечена церемонија на познатиот стадион „Маракана“ во Рио де Жанеиро.

Спектаклот, којшто траеше речиси четири часа, ги воодушеви сите ширум планетава, иако не беше грандиозен како во Лондон и Пекинг.

Олимпискиот пламен на стадионот го носеше поранешниот бразилски тенисер Густаво Куертен, а пламенот го запали маратонецот Вандерлеи Кордерио де Лима.

opening333

Првобитната идеја беше пламенот да го запали легендарниот фудбалер Пеле, но тој поради здравствени проблеми го откажа учеството на церемонијата.

На церемонијата беа вклучени повеќе од 35.000 професионалци, 12 школи за самба и повеќе од 5.500 костими. Режисер на спектакуларното отворање беше Фернандо Меирелеш, творецот на култниот филм „Град на богови“, а сите кои учествувале се Бразилци, освен познатата британска актерка Џуди Денч.

На игрите во Рио учествуваат околу 11.000 спортисти, во вкупно 306 дисциплини во 28 спортови.

mk oito

Македонија ќе има шест претставници во Рио кои ќе се обидат на Олимписките игри да ги остварат своите најдобри достигнувања. Прва настапува Нина Балабан во стрелаштво, а завршува атлетичарот Дрита Исљами.

Ерупција од свирежи го потресе стадионот „Маракана“ во моментот кога непопуларниот вршител на должност, шеф на државата, Мишел Темер ги отвори Олимписките игри.

opening377

Свирежите траеја за време на обраќањето на Темер кое за среќа траеше 15 секунди и гласеше „По овој преубав спектакл, ги прогласува, Олимписките игри во Рио за отворени“.

Темер во мај ја презеде должноста шеф на државата, откако започна процедурата за смена на претседателката Дилма Русеф. Многу Бразилци сметаат дека тој процес е еден вид на државен удар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП