21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНООИ Рио: Нов светски рекорд во стрелаштво

ОИ Рио: Нов светски рекорд во стрелаштво

rekord 3399

Репрезентативецот на Јужна Кореја во стрелаштво Ким Ву-Јин вчера постави нов светски рекорд со 700 постигнати погодоци од 72 стрели во квалификационата рунда на Олимписките игри во Рио де Жанеиро.

Со тоа, Ким за еден погодок го надмина досегашниот рекорд што пред четири години на ОИ во Лондон го постави неговиот сонародник Им Донг-Хјун.

„Да се достигне светскиот рекорд е важно, но утрешните мечеви ќе бидат многу поважни“, рече Ким.

Денеска, првиот натпреварувачки ден на ОИ во Рио на програмата се екипни натпревари во стрелаштво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП