18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБерлускони го продаде Милан за 740 милиони евра

Берлускони го продаде Милан за 740 милиони евра

berlusconi-milan

Претседателот на Фудбалскиот клуб Милан, Силвио Берлускони, се договорил со кинескиот конзорциум околу продажбата на клубот за 740 милиони евра, објави неговата компанија Финивест.

Берлускони продал 99,93 отсто од акциите на кинеските инвеститори, кои го презеле долгот од 250 милиони евра и се обврзале дека ќе вложат многу пари во јакнењето на играчкиот кадар во клубот.

На чело на кинескиот конзорциум е бизнисменот Јонгхонг Ли, кој има капитал во фирмата што се занимава со производство на автомобили и е во делумна државна сопственост.

Берлускони е на чело на Милан три децении, го извлече клубот од стечај и освои пет титули првак на Европа и осум трофеи во Серија А.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП