8 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРоналдо, Бејл и Гризман кандидати за најдобар фудбалер во Европа

Роналдо, Бејл и Гризман кандидати за најдобар фудбалер во Европа

trojcata 3353

За признанието најдобар фудбалер во Европа во сезоната 2015/16 ќе се борат Кристијано Роналдо, Герет Бејл и Антоан Гризман.

Европската куќа на фудбалот ги обелодени имињата на тројцата кандидати кои ќе се борат за признанието најдобар во Европа во сезоната 2015/16, а меѓу нив не е името на Лео Меси.

Минатиот месец УЕФА ги соопшти десетмината кои добија најмногу гласови од новинарите од сите 55-те земји членки, а списокот со тројцата конечни кандидати беше објавен денеска.

Најдобриот стрелец во Европа, Луис Суарез и неговиот соиграч од Барселона, Лео Меси не се во најтесниот избор.

Аргентинецот Лионел Меси првпат по подолго време не е номиниран меѓу тројцата најдобри фудбалери во Европа.

Португалецот Кристијано Роналдо со Реал Мадрид ја освои Лигата на шампионите, а со својата репрезентација стана и европски првак на ЕВРО 2016.
Герет Бејл, од „кралскиот клуб“ исто така е европски клупски шампион, а со Велс стигна до полуфинале на Европското првенство.

Французинот Антоан Гризман имаше одлична сезона во Атлетико Мадрид, а беше и најдобар стрелец и најдобар играч на ЕВРО 2016.

Луис Суарез беше пред Меси во овој избор и се пласира на четвртата позиција според гласовите, додека меѓу десетмината место најдоа и Џанлуиџи Буфон, Тони Крос, Томас Милер, Мануел Нојер и Пепе.

Победникот ќе биде објавен на 25 август, кога во Нион ќе се одржи и жребот за групите во Лигата на шампионите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП