Тимот на Реал Мадрид е уште еден од европските гиганти кои покажаа интерес за младата надеж на Шалке 04, Јулијан Дрекслер. Овие информации денеска беа објавени во неколку германски медиуми.
Па така според информациите младиот фудбалер со своите одлични настапи сезонава во Бундес лигата и во Лигата на шампионите го привлече вниманието на „кралскиот клуб“.
Освен тоа, Реал не е единствениот тим кој е заинтересиран за услугите на фудбалерот на Шалке 04. Според гласините кои процурија претходно за Дрекслер се заинтересирани Јувентус и Интер, но неговото име се поврзува и со екипи кои настапуваат во англиската Премиер лига.