2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИInstagram го копира Snapchat – слики кои исчезнуваат (видео)

Instagram го копира Snapchat – слики кои исчезнуваат (видео)

insta3

„Instagram Stories“ е новиот обид на компанијата „Facebook“ да влезе на пазарот кој се повеќе го освојува апликацијата „Snapchat“, преку која се разменуваат пораки и фотографии, кои потоа исчезнуваат.

„Instagram Stories“ е нова можност која овозможува да се сподели секој момент од денот, не само оние кои сакаат корисниците да ги задржат на својот профил. Исто така тие што ќе ја користат оваа опција нема потреба да се грижат дали премногу често споделуваат, затоа што се исчезнува за 24 часа, наведуваат од „Instagram“ на својот блог.

Оваа опција во исто време се наоѓа и на „Android“ и „iOS“ апликациите, а може да се пронајде со притискање на „плусот“ во горниот лев агол или со повлекување на лево на било која фотографија од „feed“-от на корисникот.

Oпциите за приватност остануваат исти, па така ако имате заклучен профил, само вашата група ќе мозе да мине низ вашата „приказна која исчезнува“.

Исто така, вреди да се истакне дека овој дел од „Instagram“ на сопственикот му нуди увид во тоа колку пати неговите фотографии се прегледани, но и од кого се погледнати.

Со цел да биде слично како и на „Snapchat“, постојат и директни пораки кои исчезнуваат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП