8 јуни, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОКвалификации за ЛШ: Отпаднаа Фенер, Шахтjoр, Олимпијакос

Квалификации за ЛШ: Отпаднаа Фенер, Шахтjoр, Олимпијакос

radamel3995

Фудбалерите на француски Монако го изборија пласманот во 4-то претколо од Лигата на шампионите откако во реваншот го совладаа турски Фенербахче со 3-1, швајцарските Јанг Бојс по пенал рулетот го отпишаа фаворизираниот украински Шахтjoр, а за изненадување на вечерта се погрижија фудбалерите на израелски Хапоел Беер Шев кои го елиминираа Олимпијакос.

Монако на гостувањето во Истанбул загуби со 1-2, но на својот терен со победата од 3-1 го избори пласманот во следната фаза. Головите за клубот од Кнежевството ги постигнаа Валере Жермен во 3 и 65, а Радамел Фалкао беше прецизен од пенал во 18 минута, додека голот за Фенербахче го постигна Еменике во 53 минута.

Јанг Бојс по подоброто изведување на пеналите (4-2) го елиминираше Шахтjoр. Мечот по 90 минути заврши 2-0 за швајцарскиот тим, идентичен резултат со кој украинскиот славеше во првиот меч. Двата гола ги постигна Кубо, во 54 и 60 минута. Бидејќи во продолженијата немаше голови, победникот беше решен од ударите од белата точка. Кај домашните згреши Хадерѓонај, додека кај гостите не успеаја да реализираат Ракитски и Фред.

Откако во првиот меч во Пиреа одиграа 0-0, израелските фудбалери на својот терен славеа со доволни 1-0, со погодокот на Шир Цедек во 79 минута.

Селтик против Астана славеше со 2-1, откако првиот меч заврши без победник (1-1). Победничкиот погодок за шкотскиот великан го постигна дури во втората минута од судиското продолжение од пенал кој го реализираше Дембеле.

Идентична победа (2-1) постигна и Ајакс во Солун против ПАОК, откако во Амстердам првиот натпревар заврши со 1-1. Холанѓаните до победата дојдоа во самата завршница со голот на Клаасен во 88 минута. Истиот играч го постигна и првиот гол за Ајакс во 45 минута од пенал, додека водечкиот гол на мечот го постигна Атанасјадис во 4 минута.

Натаму мина и Салцбург откако во двата натпревара беше подобар од албанскиот претставник Партизани (2-0 и 1-0), како и варшавска Легија која дома со Тренчин одигра без голови, со што ги одбрани 1-0 од првиот меч.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП