И покрај двата гола на Муса, фудбалерите на Барселона беа пресилни за тимот на Раниери и во мечот од Меѓународниот куп на шампионите (ICC) одигран во Стокхолм во средата победија со 4-2, а иако не се запиша меѓу стрелците Лионел Меси, беше автор на првите два гола за шпанскиот шампион.
Победата на Каталонците им ја донесоа Мунир, кој погоди во 26 и 45 минута, во меѓувреме прецизен беше и Санчез (34 минута), а конечниот резултат го постави Мухика во 84 минута. За Лестер Сити головите ги постигна Муса во 47 и 66 минута, со што намали на 3-2 и малку ги подгреа надежите.
За Барселона ова беше втор меч во ICC и втора победа, откако славеше против Селтик со 3-1. Лестер, пак, во третиот меч го забележа вториот пораз. Загуби претходно од ПСЖ со 0-4, а ремизираше со Селтик (1-1).
Барса уште ќе игра со Ливерпул на лондонски „Вембли“ на 6-ти август.