Трансферот на Пол Погба од Јувентус во Манчестер Јунајтед ќе стане најскапиот во историјата на фудбалот, пишува Goal.com.
Освен што ќе плати 92 милиони фунти (околу 110 милиони евра), Јунајтед ќе треба да преземе и провизијата на агентот на играчот, Мино Раиола, еднаков на 20 милиони фунти (24 милиони евра).
Францускиот репрезентативец се очекува да потпише петгодишен договор, според кој ќе добива по 400.000 фунти неделно пред даноци, вкупно 20.8 милиони фунти годишно, или 104 милиони фунти за целиот период (124 милиони евра).
По даноци износот изнесува 220.000 фунти неделно, или околу 262.000 евра, што го прави речиси 14 милиони евра по сезона.
Така вкупниот износ на овој мегатрасфер се очекува да надмине 216 милиони фунти, или 257.6 милиони евра.
Прилично висока цена за некого, кого си го ослободил без пари пред 4 години, нели?