19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШпанскиот тренерски двоец за уште две години ја продолжи соработката со РК...

Шпанскиот тренерски двоец за уште две години ја продолжи соработката со РК Вардар

raul kamara 335

Шпанскиот тренерски двоец Раул Гонзалез Гутиерез и Давид Дејвис Камара на уште две години ја продолжија соработката, известија во вторникот од македонскиот ракометен шампион Вардар.

Гонзалес како главен тренер, а Дејвис како негов помошник, продолжуваат на своите функции на кои беа и претходните три сезони, објавено е на официјалната интернет страна на РК Вардар.

„Со нашите тренери уште по завршувањето на сезоната имавме договор за продолжување на соработката. Сега, на почетокот на подготовките само ги конкретизиравме деталите. Тие ќе останат дел од клубот уште најмалку две сезони. Секако дека сме задоволни од досегашната соработка. Трипати стигнавме во четврт-финалето на ЛШ, ја освоивме СЕХА лигата и плус бевме финалисти, и ја одбранивме двојната круна во домашното првенство. Тоа се доволни препораки за останување и заеднички обид да се направи нов чекор напред во сезоната што доаѓа. Вардар секогаш има високи спортски цели и веруваме дека овој стручен штаб може да ги оствари“, се истакнува во изјавата на Давор Стојаноски, извршниот директор на РК Вардар.

Инаку ракометарите на актуелниот македонски шампион од понеделникот се на подготовки во Словенија, каде што ќе одиграат две пријателски средби со екипата на Горење, на 6-ти и на 10-ти август.

До стартот на новата сезона во Лигата на шампионите, Вардар го очекуваат настапи на неколку силни меѓународни натпревари, а како и претходните и сезонава главна цел е биде висок пласман во Лигата на шампионите и конечно учество на завршниот турнир на четирите најдобри екипи.

Од РК Вардар порачуваат дека притоа воопшто нема да бидат занемарени и обврските во регионалната СЕХА лига, како и на домашната ракометна сцена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП