14 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЧелзи нуди 80 милиони евра за Лукаку

Челзи нуди 80 милиони евра за Лукаку

lukaku335

Лондонски Челзи е подготвен да понуди 68 милиони британски фунти, или 80 милиони евра, за напаѓачот на Евертон, Ромелу Лукаку, пишуваат денес островските медиуми.

Ова е за 11 милиони фунти повеќе од претходната понуда која Евертон веднаш ја одби. Челниците на премиерлигашот од Ливерпул се цврсти во преговорите и бараат 75 милиони фунти, или 88 милиони евра за Лукаку.

Интересно е што Челзи во летниот преоден рок во 2014 година токму на Евертон му го продаде напаѓачот, и тоа за 33 милиони евра, така што по две години лондонските „сини“ би требало да го вратат Лукаку за речиси тројно поголема сума.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП