17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЃоковиќ го освои Мастерс турнирот во Торонто

Ѓоковиќ го освои Мастерс турнирот во Торонто

ng

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ триумфално го заврши својот настап на „Роџерс купот“ во Торонто.

Светскиот рекет број еден Ѓоковиќ во финалето на Мастерс турнирот во Торонто го победи Јапонецот, Кеи Нишикори во два сета.

Во првиот сет, Ѓоковиќ му препушти три гема на Нишигори добивајќи го сетот со 6­3 , додека во вториот, љубителите на тенисот имаа можност да гледаат врвен тенис со голем број на атрактивни поени, за на крајот Србинот да го добие сетот со 7­:5 и со конечни 2:0 во сетови да го освои „Роџерс купот“.

За Ѓоковиќ ова е четврти триумф на „Роџерс купот“, на кој беше најдобар и во 2007, 2011 и 2012 година, а воедно за него ова е и седми трофеј сезонава и јубилеен 30­ти од Мастерс турнирите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП