22 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОХамилтон славеше на Хокенхајм

Хамилтон славеше на Хокенхајм

f122

На Хокенхајмринг од првото место стартуваше Нико Розберг, но катастрофално ја почна трката, што Хамилтон го искористи, кој пак стартуваше од втората позиција и веднаш премина во водство кое го задржа до крајот н трката.

На тој начин, во Хокенхајм, Хамилтон ја оствари четвртата последователна победа оваа сезона и ја зголеми предноста над тимскиот колега Розберг на 19 бода (217-198).

Розберг во 33 круг беше казнет со пет секунди поради инцидентот со Макс Верстапен, па заврши на четвртото место.

Второто место му припадна на Даниел Рикардо, во неговата 100 – та трка во кариерата, а трето место беше Верстапен.

Првите десетмина на Хокенхајмринг се: 1. Хамилтон, 2. Рикардо, 3. Верстапен, 4. Розберг, 5. Фетел, 6. Раиконен, 7. Ботас, 8. Хулкенберг, 9. Батон и 10. Перез.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП