
Руската авиокомпанија Аерофлот ќе стане официјален превозник на англискиот фудбалски гигант Манчестер Јунајтед, пренесуваат англиските медиуми.


Руската авиокомпанија Аерофлот ќе стане официјален превозник на англискиот фудбалски гигант Манчестер Јунајтед, пренесуваат англиските медиуми.
Договорот меѓу „црвените ѓаволи“ и рускиот авиопревозник ќе биде потпишан во текот на летото, а според информациите веќе е постигнат прелиминарен договор меѓу двете страни.
Се очекува договорот да стапи на сила од сезоната 2013/14. Најинтересно е што се уште не е познат износот што Манчестер Јунајтед ќе го добие од руската авиокомпанија, поради тоа што се чува во тајност.
Инаку во моментов официјален авиопревозник на тимот од „Олд Трафорд“ е турскиот гигант Туркиш ерлајнс на кој три ипол годишниот договор му истекува на крајот од сезоната.