6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНООлимпијците заминаа за Рио де Жанеиро

Олимпијците заминаа за Рио де Жанеиро

риос

Подобрување на личните и државните рекорди е целта на македонските спортисти кои ќе настапат на Олимписките игри во Рио де Жанеиро. Македонија во Рио ќе ја преставуваат пливачите Марко Блажевски и Анастасија Богдановски, џудистката Катерина Николоска, стрелачката Нина Балабан и атлетичарите Дрита Исљами и Ристе Пандев.

Четиринаестчлената македонска експедиција во Рио покрај спортистите ја дополнуваат нивните тренери, односно Владимир Богоевски (спортски директор на МОК) и докторот Зоран Ханџиски. Во Бразил ќе патуваат и првиот човек на МОК и генералниот секретар Васил Тупурковски и Сашо Поповски, но на покана на Интернационалниот олимписки комитет.

„Пресреќен сум што имаме еден ваков ден кога нашите олимпијци одат на Олимпијадата во Рио каде ќе ја преставуваат земјата, ќе ги бранат боите на Македонија, ќе ја преставуваат својата чест. Ние сме дел од олимпиското движење, а овие спортисти сега се дел од олимпиското семејство“, рече на прес конференцијата по повод заминувањето на македонската експедиција за Рио, првиот човек на Македонскиот олимписки комитет Васил Тупурковски.

Македонската експедиција за Рио ќе патува без пливачите Марко Блажевски и Анастасија Богдановски, кои заедно со својот тренер во Бразил ќе пристигнат од САД.

Оние кои беа прес конференцијата истакнаа дека имале добри подготовки, дека одат во Рио достојно да ја преставуваат Македонија, а целите им се да соборуваат државни рекорди.

„Завршните подготовки пред заминувањето во Рио го спроведов во Нови Сад, сметам дека сум навистина во добра форма, очекувам ширење на олимписките вредност кои се главна цел на олимпизмот и постигнување на добар резултат“, рече Нина Балабан, која се натпреварува во стрелаштво, воздушна пушка 10 метри и која прва ќе излезе на борилиштата во Рио од македонските спортисти. Балабан ќе настапи веднаш по отворањето на ОИ, односно на 6.август.

„Последните осум-девет дена се подготвував во Охрид, подготвена сум да истрчам нов државен рекорд, што би било веќе трет пат годинава. Исто така доколку истрчам државен рекорд ќе имам исполнета норма за настап на европското првенство за атлетичари до 23 години, кое наредната година ќе се одржи во Полска“, рече Дрита Исљами, која ќе трча на 400 метри со пречки, а која настапот ќе го има на 15.август.

Катерина Николовска ќе се натпреварува во џудо, категорија 63 килограми. Таа влегува во историјата на македонскиот олимпизам бидејќи е првата која ќе ги брани националните бои во овој спорт.

„За олимпијадата се подготвував во Прага и во Хрватска, пред неколку денови се вратив во Македонија. Од мојот настап очекувам да биде максимално концентриран, да пружам борба до последната секунда. Со добра ждрепка очекувам и добар пласман“, рече Николовска, која на борилиштето првиот настап ќе го има на 9.август.

„За оваа олимпијада тренирав во Швајцарија, добро се подготвив. Подготвен сум да поставам нов државен рекорд, се надевам дека ќе имам добра настап“, рече спринтерот Ристе Пандев, кој во квалификациите на 100 метри ќе настапи на 13.август.

Пливачите Блажевски и Богдановски своите квалификациски трки на 200 метри мешано, односно 200 метри слободно ќе ги имаат на 10.август (Блажевски) и 15.август (Богдановски).

Покрај спортската експедиција, Македонија во Рио де Жанеиро ќе ја преставуваат и тројца судии Начевски и Николов во ракомет и Поповски во тенис.

Олимписките игри во Рио де Жанеиро ќе се одржуваат од 5. до 21.август.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП