
Европскиот вицепрвак Фенербахче, тим за кој настапува Перо Антиќ, во четвртокот потпиша договори со двајца нови кошаркари.


Европскиот вицепрвак Фенербахче, тим за кој настапува Перо Антиќ, во четвртокот потпиша договори со двајца нови кошаркари.
Во новата сезона жолто-синиот дрес ќе го носат Џејмс Нулани и Ахмет Девериоглу.
Џејмс Нулани (26 г., 201 см), минатата сезона играше во Авелино и беше МВП во италијанското првенство. Нулани во просек по натпревар бележел 18,4 поени, 4,2 скока и 2,5 асистенции.
Ахмет Девериоглу (23 г., 209 см), во Фенербахче пристигна од редовите на големиот ривал Ефес и потпиша тригодишен договор. Минатата сезона не играше многу во тимот на Ефес, а на 10 натпревари во Евролигата остварил просек од 1,9 поени и 1,2 скока.