25 јули, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАтлетико Насионал го освои Копа Либертадорес (видео)

Атлетико Насионал го освои Копа Либертадорес (видео)

naciona3

Фудбалерите на Атлетико Насионал од Колумбија ја освоија јужноамериканската лига на шампиони, позната како Копа Либертадорес.

Клубот од Меделин, кого го нарекуваат и клуб на нарко босот Пабло Ескобар, ја освои втората титула во Копа Лиобертадорес во клупската историја. Првата титула Атлетико ја освои во 1985 година, а таа заврши токму во рацете на озлогласениот нарко бос Ескобар.

Атлетико во финалниот двомеч со вкупни 2-1 го победи преставникот на Еквадор, Индепендијенте Дел Ваље.

Откако првиот меч во Еквадор заврши без победник 1-1, во реваншот Атлетико победи со 1-0, а стрелец на единствениот гол беше Михел Борха во деветтата минута.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП