ИНТЕРЕСНО

Ракометарите на Вардар ги започнаа подготвките

podgotovka vardar333

Ракометарите на Вардар, во среда, ги започнаа подготвките за новата натпреварувачка сезона. На првиот собир недостасуваа двајца ракометари, Иван Карчиќ и Лука Циндриќ кои ќе играат за Хрватска на Олимпијадата во Рио. 

Вардар во новата сезона влегува со неколку нови имиња во тимот: Вуко Борозан, Жоан Кањељас, Рожерио Мораес Фереира и Иван Димитровски, тренерот Раул Гонзалес на подготвките со првиот тим ги повика и играчите од вториот тим на Вардар:  Даниел Ѓоршески, Тоше Ончев, Иван Ангелов и Владо Недановски.

„Почнува нова сезона пред нас. Имаме доста нови играчи, и доста повисоки. Тоа веројатно ќе менува и нешто во нашата игра. Целта сезонава ќе биде да играме со помалку измени во напад и одбрана. За тоа ќе треба да бидеме добро подготвени, за да играме добро. Имаме време до почетокот на натпреварите. Ќе играме и неколку контролни средби. Неколку нови играчи ни се приклучија и ќе ни треба малку време додека и тие се вклопат во нашиот систем на играње. Засега ќе тренираме во Скопје, а потоа заминуваме во Словенија“, изјавил за клупската интернет страница тренерот на Вардар.

Неколку дена ракометарите ќе тренираат во Скопје, каде ќе ги извршат и потребните лекарски прегледи, а потоа екипата ќе замине на подготовки на Крањска Гора, Словенја.

Вардар во Словенија ќе престојува од 1 до 12 август, а во овој период на 6 и 10 август ќе одигра две контролни средби против Горење.

Од Словенија „црвено-црната“ експедиција ќе се пресели во Белорусија, каде од 18 до 22 август ќе учествува на турнирот кој го организира Мешков Брест, а покрај Вардар ќе учествуваат уште Висла и Сесон Рен.