19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРусите во пет спортови ќе имаат спортисти на ОИ

Русите во пет спортови ќе имаат спортисти на ОИ

русинки

Руските репрезентативци во одбојка, одбојка на песок, тријатлон, гимнастика и мечување можат да настапат на Олимписките игри во Рио де Жанеиро, објави агенцијата Р-Спорт.

Меѓународните федерации на наведените спортови им го одбориле настапот на руските спортисти на Олимписките игри.

Инаку, пред три дена Меѓународниот олимписки комитет (МОК) соопшти дека одлуките околу суспензиите на руските спортиси мора да бидат донесени од страна на спортските федерации.

Руските спортисти кои претходно имале проблеми со допинг нема да можат да се натпреваруваат во Рио де Жанеиро, а во овој момент околу стотина се суспендирани. Станува збор за атлетичари, кајакари, кануисти.

Олимписките игри во Рио де Жанеиро ќе се одржуваат од 5. до 21.август.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП