9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАнгличаните воведоа четврта замена во ФА купот

Англичаните воведоа четврта замена во ФА купот

фа-куп

Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) дозволи четврта измена во натпреварите кои ќе се играат во рамките на ФА купот, најстарото фудбалско натпреварување во светот.

Како што објави ФА, менаџерите на тимовите во четвртфиналето, полуфиналето и финалето ќе имаат право на четврта замена, но само доколку натпреварот влезе во продолженија.

„ФА купот е најстарото фудбалско натпреварување во светот, познат е по својата историја и традиција, па решивме да воведеме и четврта замена. Мислиме дека ФА купот ќе стане уште поинтересен“, рекол извршниот директор на ФА Мартин Глен.

„Технички, ќе биде интересно да видиме како менаџерите ќе реагираат со „вишокот“ на замени, односно како четвртиот играч кој ќе влезе од клупата ќе влијае врз играта и на крајот и на резултатот“, дополнил Глен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП