5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРаца повеќе не смета на Трајковски

Раца повеќе не смета на Трајковски

bojan_trajkovski_600

Кошаркарскиот репрезентативец Бојан Трајковски повеќе не е дел од националниот тим, кој веќе една недела во Скопје се подготвува за настап во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2017-та година.

Селекторот на националниот тим, Драган Раца, повеќе не смета на услугите на крилниот центар, бидејќи тој се однесувал непрофесионално кон репрезентацијата.

Имено, Трајковски побарал слободен ден од селекторот бидејќи бил кум на свадба, но како што информира селекторот, тој по слободниот ден воопшто не се појавил на тренинзите.

Според селекторот, со својот однос Трајковски покажал непочитување кон националниот тим и за него нема повеќе место во репрезентацијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП