13 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБарњани две години во Лаборал Куча

Барњани две години во Лаборал Куча

baranji333

Италијанскиот кошаркарски репрезентативец на Италија, Андреа Барњани, потпиша двегодишен договор со Лаборал Куча, потврди клубот од Баскија.

Барњани во 2006 година стана првиот европски играч избран како прв пик на драфтот во НБА лигата. Италијанецот пред десет години беше избран од Торонто Репторс, а во кариерата настапувал уште за Њујорк и Бруклин. Во Европа, Барњани бил член на Рома и Бенетон.

Италијанецот во текот на НБА кариерата одиграл преку 500 натпревари со просечен учинок од 14,3 поени, 4,6 скокови и 1,2 асистенции по натпревар.

Барњани во тимот на Лаборал Куча ќе го замени Јанис Бурусис, минатосезонскиот МВП во шпанското првенство, кој се пресели во Панатинаикос.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП