5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛШ: Сигурни победи на Динамо и Шахтјор

ЛШ: Сигурни победи на Динамо и Шахтјор

лллм

Фудбалерите на Динамо Загреб и Шахтјор забележаа сигурни победи како домаќини во првите натпревари од третото квалификациско коло во Лигата на шампионите. Како гости добар резултат пред реваншите остварија Црвена ѕвезда, Андерлехт, Салцбург, Карабаг, Стеауа и ПАОК.

Динамо Загреб, кој во претходната рунда го елиминира Вардар, во само три минути ја заврши работата против тимот кој го носи истото име но доаѓа од Тбилиси. Судани во 39-та и Ќориќ три минути подцна му обезбедија сигурна победа на Динамо.

Идентична победа во дуелот со Јанг Бојс запиша Шахтјор. Триумф на украинскиот првак му обезбедија Фред и Селезњов.

Салцбург, во Тирана славше над Партизани со голот на Сориано од пенал во 70-та минута.

Црвена ѕвезда, во Бугарија кај Лудогорец, имаше негатива од еден гол, потоа направи пресврт за 1-2, но домаќинот успеа да се спаси од пораз.

Резултати:

БАТЕ Борисов-Дундалк 1:0

Лудогорец-Црвена ѕвезда 2:2

Спарта Прага-Стеауа 1:1

Партизани-Салцбург 0:1

Викторија Плзен-Карабаг 0:0

Ростов-Андерлехт 2:2

Ајакс-ПАОК 1:1

Динамо Загреб-Динамо Тбилиси 2:0

Шахтјор-Јанг Бојс 2:0

среда, 27.јули:

Астана-Селтик

Розенборг-АПОЕЛ

Фенербахче-Монако

Тренчин-Легија Варшава

Олимпијакос-Хапоел Бер Шива.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП