10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСевилја и го „украде“ Вието на Барселона

Севилја и го „украде“ Вието на Барселона

vieto 33

Барселона пред неколу денови буквално на Реал му го украде Андер Гомеш, потоа го договори трансферот на Лусијано Вието од Атлетико, но Аргентинецот нема да заврши на „Ноу Камп“ туку ќе оди во Севилја, откако клубовите договориле едногодишна позајмица.

Минатата сезона Атлетико за услугите на Вието на Виљареал му плати 18 милиони евра, но младиот Аргентинец не успеа да се снајде во системот на Диего Симеоне. Играчот кој лани за Виљареал постигна 20 голови, во дресот на Атлетико беше стрелец само на три средби.

Поради тоа Атлетико ќе го испрати Вието во Севилја, а нема да го продава во Барселона. Севилја ќе плати 3,5 милиони евра, а наредното лето ќе може да го откупи неговиот договор за сума од 20 милиони евра.

Шпанските медиуми тврдат дека тоа што Атлетико му го позами Вието на Севилја нема врска со трансферот на Кевин Гамерио на „Винсенте Калдерон“, бидејќи Севилја нема намера до продава најдобриот стрелец за сума помала од 40 милиони евра.

Вието е седмото засилување за новиoт тренер на Севилја, Хорхе Сампаоли по Хироши Кијатоке, Хоакин Кореа, Матијас Кранвитер, Пабло Сарабија, Паоло Гансо и Франко Васкез.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП