29 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРуски кануисти добија забрана за настап на ОИ

Руски кануисти добија забрана за настап на ОИ

kauni

Петмина руските кануисти нема да настапат на Олимписките игри во Рио де Жанеиро, откако Меѓународната кану федерација (ICF) им забрани да учествуваат на најголемата спортска смотра. Претходно забрана за настап добија руските атлетичари и седуммина пливачи од оваа земја.

Во Рио де Жанеиро нема да настапат Елена Ањушина, Наталија Подолскаја, двократниот светски шампион Андреј Краитор, петкратниот светски првак и освојувачот на бронзениот медал од Лондон Алексеј Коровашков и олимпискиот првак од Лондон Александар Дјаченко.

ICF ги посочи овие спортисти како дел од измамата во која руските спортисти ги заменувале позитивните со негативни мострите на урина за време на допинг контролите кои им биле правени во нивната земја.

Меѓународната кану федерација регираше веднаш по одлуката на Судот за спортска арбитража, кој ја потврди одлуката на Меѓународната атлетска федерација, на атлетичарите од Русија да им биде забрането учеството на Олимписките игри.

Покрај атлетичарите, пливачите и кануистите најверојатно на удар ќе бидат кревачите на товар и велосипедистите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП