6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО10.000 деца соединети во забавни школи за фудбал ширум Балканот

10.000 деца соединети во забавни школи за фудбал ширум Балканот

sport deca353

Околу 10.000 илјади деца на возраст од 7 до 14 години ќе се соединат на петдневните „Отворени забавни школи за фудбал“, кои во втората половина на август ќе се одржат едновремено во Босна и Херцеговина, Србија, Македонија, Црна Гора и Косово.

Овој хуманитарен проект под името „Отворени забавни школи за фудбал“, кои ги организира данската невладина организација ЦЦПА (Cross Cultures Project Association) претставува начин како преку забавни игри и педагошки забавен фудбал да се стимулира помирувањето, приближувањето и градењето на мирот помеѓу различните етнички заедници.

Школите за забавен фудбал се организирани од лидери и тренери – волонтери, кои се едуцирани за работа со деца на посебни семинари, кои се одржуваат и на ниво на секоја земја и на регионално ниво. Првиот регионален семинар за оваа забавна школа ќе се одржи меѓу 4 и 6 август на Копаоник во Србија.

„Би бил навистина среќен доколку моите син и ќерка играат еднакво добро фудбал како Меси или Марта, но она што ми е најбитно е што моите деца се среќни, имаат здрави навики и добри пријатели. Тоа е всушност и целта на Отворените забавни школи за фудбал“, вели основачот на организацијата ЦЦПА и на самиот проект Андерс Левинсен.

Овој проект започна уште во 1998 година во поствоена Босна и Херцеговина, а денес заживеа, речиси во сите земји од поранешна Југославија и уште во 15 земји на Блискиот Исток, Кавказ и Африка.

Проектот на Балкан го финансира УЕФА, како и локалните заедници, учеснички во проектот. Исто така, значајна поддршка е остварена и со надлежните фудбалски куќи, низ развојот на проектот „Grassroots Football” во земјите на Балканот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП