4 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДреновац останува во МЗТ

Дреновац останува во МЗТ

drenovac 3535

Ѓорѓе Дреновац, еден од најдобрите играчи на МЗТ Скопје во минатата сезона, во редовите на македонскиот првак ќе остане уште една година, откако го продолжи договорт.

Дреновац во минатата сезона, во која МЗТ ја освои двојната круна, во АБА лигата имаше просечни 14,9 поени и 4,6 скокови по натпревар.

Српскиот интернационалец е третиот кошаркар кој ќе игра во МЗТ во наредната сезона, во која клубот покрај во АБА лигата ќе игра и во Европкупот.

Претходно во МЗТ пристигнаа македонскиот репрезентативец Марко Симоновски и Холанѓанецот Шарлон Клоф.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП