
Британскиот велосипедист, Крис Фрум, победи на најпрестижната трка во светот „Тур д’Франс“.


Британскиот велосипедист, Крис Фрум, победи на најпрестижната трка во светот „Тур д’Франс“.
Возачот на тимот Скај ја забележа својата трета победа на трката околу Франција, а воедно успеа да ја одбрани титулата, што е прв таков случај по две децении. Во 1995 година Мигел Индуарин успеа да ја одбрани титулата.
Фрум на „Тур д’Франс“ претходно победуваше во 2013 и 2015 година.
Членот на Скај тимот, исто така стана првиот Британец кој три пати победувал на трката, а само осми во историјата на трката кој победил три или повеќе пати.