4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОХамилтон со победата во Унгарија го презема водството во генералниот пласман

Хамилтон со победата во Унгарија го презема водството во генералниот пласман

хами

Британскиот пилот во Формула 1, Луис Хамилтон од тимот на Мерцедес победи на Големата награда на Унгарија, на 11-та трка од светското првенство, по што го презема водството во вкупниот поредок.

По победата на патеката „Унгароринг“ Луис Хамилтон има предност во генералниот пласман од шест бодови пред тимскиот колега Германецот Нико Розберг кој во неделата го освои второто место.

Трет беше Австралиецот Даниел Рикардо од Ред Бул – ТАГ Хеуер, а четврт Германецот Себастијан Фетел од тимот на Ферари. Петто место го освои Холанѓанецот Макс Вестрапен во болидот на Ред Бул – ТАГ Хеуер, а добра трка пружи и Финецот Кими Раиконен од Ферари кој од 14-та стартна позиција успеа да се пробие до шестото место. Раиконен можеби ќе беше подобро пласиран доколку во 57-от круг не удри во задниот дел од болидот на Верстапен и така го оштети својот.

Интересно за оваа трка беше што само првите шест возачи беа во ист круг. По два пилота на Мерцедес (Хамилтон и Розберг), на Ред Бул (Рикардо и Верстапен) и на Ферари (Фетел и Раиконен). Другите возачи заостанаа по еден или два круга.

Во генералниот пласман води Хамилтон со 192 бодови, втор е Розберг со шест бодови помалку, а трето место е за Рикардо со 115 бодови. Кај конструкторите во водство е Мерцедес со 278 бодови, Ферари е втор со 224 бодови, а трет е Ред Бул со 223 бодови.

Хамилтон со триумфот во Унгарија стаса до 48-та победа во кариерата, приближувајќи му се на Французинот Ален Прост со три победи помалку. Прост во моментов е на второто место кај возачите според бројот на победите со 51, додека во уверливо водство е Германецот Михаел Шумахер со 91 Гран при победа.

Следната трка во шампионатот Формула 1 ќе се вози следната недела во Германија на патеката „Хокенхајм“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП