9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМОК нема да ја суспендира Русија, одлуката ја препушти на сојузите

МОК нема да ја суспендира Русија, одлуката ја препушти на сојузите

мок-дампинг

Меѓународниот олимписки комитет(МОК) одлучи во недела дека нема да ги суспендира заради допинг руските спортисти од Олимписките игри во Рио де Жанеиро, пренесоа во недела руските и британските медиуми.

МОК одлуката за суспензија ја препушти на одделните спортски сојузи.

Меѓународната атлетска федерација порано ги суспендираше руските атлетичари од сите свои натпреварувања, вклучително и од Олимписките игри.

Русија се жалеше до Судот за спортска арбитража, но таа жалба беше одбиена.

Вкупно 68 атлетичари поднеле поединечни молби, но прифатена е само една, на атлетичарката во скок во далечина Дарија Клишина, која во последните три години тренира во САД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП