3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСобори светски рекорд, а нема да настапи на ОИ (видео)

Собори светски рекорд, а нема да настапи на ОИ (видео)

rekord-precki

Американската спринтерка Кедира Херисон постави нов светски рекорд во трката на 100 метри со пречки.

Херисон на митингот во Лондон, кој е дел од Дијамантската лига трчаше 12,20 секунди и успеа да го собори 28 години стариот рекорд на Бугарката Јорданка Донкова.

Сепак Херисон нема да има можност да го нападне сопствениот рекорд на ОИ во Рио де Жанеиро бидејќи не успеа да се квалификува за настап на Игрите.

Оваа 23-годишна атлетичарка на 100 метри со пречки го освои шестото место на американските квалификации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП