Францускиот репрезентативец и некогашен најдобар играч на светот, Никола Карабатиќ кариерата ќе ја продолжи во Барселона. Иако официјалната соработка се уште не е потпишана се наведува дека договорот е постигнат и Карабатиќ во следните три сезони ќе го носи дресот на еден од најголемите ракометни клубови во Европа.
Блескавата и трофејна кариера на Французинот минатата година беше фрлена во сенка, откако тој беше обвинет за местење натпревари и нелегално кладење што доведе до тоа тој да ги напушти редовите на Монпелје и да се пресели во Ексан Прованс.
Карабатиќ во 2009-та година имал понуда од Барселона, но тој по завршување на сезоната во дресот на Кил одлучи да замине во тимот на Монпелје.