5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПутин бара формирање на независна комисија против допингот

Путин бара формирање на независна комисија против допингот

putin-mi

Рускиот претседател Владимир Путин повика во петок да се формира независна комисија која би ја сочинувале експерти од странство, а чија цел би била да се решаваат проблемите со антидопинг системот во рускиот спорт.

„Мислам дека има смисол на Олимпискиот комитет на Русија да му се предложи воспоставување на, нагласувам, независна јавна комисија, која, освен руските специјалисти, би ја сочинувале и странски стручњаци за медицина и право, како и јавни спортски личности“, рече Путин, пренесува РТ.

Рускиот претседател на состанокот со владини и спортски функционери во Москва рече дека главна задача на новоформираната комисија би била „строга контрола на ефикасната примена на националната програма за борба против допингот“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП