12 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШирле пет години во Дортмунд

Ширле пет години во Дортмунд

suki 39888

Борусија Дортмунд на својата интернет страница го потврди трансферот на германскиот репрезентативец Андре Ширле (25). За трансферот на Ширле Борусија издвои 30 милиони евра.

„Тој е играч кој има 25 години и богато интернационално искуство. Неговиот квалитет многу ќе ни значи во наредната сезона“, рекол спортскиот директор на Борусија, Михаел Цорк.

Ширле, кој е поранешен фудбалер на Мајнц, Баер Леверкузен, Челзи и Волфсбург, со Борусија потпиша петодишен договор.

Со неговиот трансфер тренерот Томас Тухел формира репрезентативно трио (Геце, Ројс, Ширле) кое ќе игра зад напаѓачот Обамејанг.

Андре Ширле е осмото и воедно најскапото засилување за Борусија во преодниот рок. Претходно на Вестфален пристигнаа: Усман Дембеле (Рен, 15 милиони евра), Рафаел Гереиро (Лориен, 12 милиони евра), Себастијан Роде (Баерн Минхен, 15 милиони евра), Марк Бартра (Барселона, 8 милиони евра), Емре Мор (Нордсјиланд 9 милиони евра), Микел Морено (Осасуна 4 милиони евра) и Марио Геце (Баерн Минхен 23 милиони евра).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП