15 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЗапочна пријавувањето за учество на Beach Volleyball Ohrid 2016

Започна пријавувањето за учество на Beach Volleyball Ohrid 2016

odbojka-plaza

Од среда 27 јули до вторник 2 август ќе се одржи отвореното првенство во одбојка на песок Beach Volleyball Ohrid 2016. Со овој турнир ќе биде одбележана 10-годишниот од првиот ваков турнир Охрид и Македонија.

Покрај професионалниот турнир кој ќе се одржи од 29 до 31 јули, на програмата на настанот се уште и турнирите за млади одбојкари и одбојкарки до 20 години, за рекреативци и за компании во периодот од 27 јули до 2 август.

На турнирите се пријавени тимови од Македонија, Бугарија, Косово, Србија и Албанија, а сите се натпреваруваат за подиумот кој носи вкупен награден фонд од 1000 евра.

Минатата година шампионските пехари ги освоија Валон Никчи и Џевдет Лајчи во машка конкуренција и Вилдане Јашари и Назмие Ибраими во женска конкуренција, од Косово.

Првиот официјален натпревар во одбојка на песок во Македонија се одигра на 22 јули 2006 година во Охрид, што се смета за почеток на овој спорт кај нас.

Десет години потоа, одбојката на песок е еден од најатрактивните и најпопуларните летни спортски настани, а првенството во Охрид е синоним за овој спорт во Македонија.

Пријавувањето за сите категории е во тек и може да се направи преку официјалната веб страница www.beachvolleyball.com.mk. Организатори на турнирот се Beach Volleyball Macedonia и Одбојкарската федерација на Македонија во соработка со градот Охрид

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП