21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЧилиќ ја раскина соработката со Иванишевиќ

Чилиќ ја раскина соработката со Иванишевиќ

цилик

Најдобриот хрватски тенисер Марин Чилиќ ја прекина соработката со својот тренер Горан Иванишевиќ.

Чилиќ и Иванишевиќ соработуваа од 2013 година, а во меѓувреме стигнаа до трофејот на грен слем турнирот во Њујорк. Чилиќ на УС Опен во 2014 година го победи во финалето Кеи Нишикори.

Наредната година Чилиќ играше во полуфиналето на УС Опен, а во периодот на соработката со Иванишевиќ три пати играше четвртфинале на Вимблдон.

„Повеќе не соработувам со својот тренер Горан Иванишевиќ. Имавме многу успеси. За мене беше чест и привилегија да се работи со Горан, уживав во нашата соработка. Горан ми помогна да остварам некои од моите цели“, напишал Чилиќ на социјалните мрежи.

Марин Чилиќ во моментов се наоѓа на 12-то место на АТП листата, а најдобариот пласман го оставри по освојувањето на УС Опен, кога беше осми на АТП листата.

Оваа година сеуште нема освоени ниту една титула, играше две финалиња во Марсеј и Женева но не успеа да стигне до титулите. Во наредниот период Чилиќ ќе игра на Роџерс купот во Торонто, потоа на Олимписките игри и УС Опен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП