17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАндре Гомеш во Барселона

Андре Гомеш во Барселона

andre

Иако новата сезона сеуште не започнала Барселона веќе ја дбои првата битка со големиот ривал од Мадрид, Реал. Имено, Португалецот Андре Гомеш кој се поврзуваше со трансфер во Реал се сели во Барселона.

Андре Гомеш (22), од страна на тренерот на Реал, Зинендин Зидан беше посочуван како наследник на Лука Модриќ кој наскоро ќе наполни 31 година. Реал работеше на реализиција на овој трансфер, но Португалецот во последен момент се премисли и ја прифати понудата на Барселона.

Во четвртокот, околу 22:30 часот Реал на Валенсија и понудил 35 милиони евра за Гомеш, играчот се согласил, но половина час подоцна челниците на Барселона испратиле понуда која не се одбива и играчот за врска ја сменил одлуката.

Според шпанските медиуми Барселона понудила околу 50 милиони евра за трансферот, а играчот ќе потпише петгодишен договор со каталонскиот клуб.

Андре Гомеш кариерата ја започна во Бенфика, од 2014 година е член на Валенсија. Беше дел од португалската селекција која во Франција неодамна ја освои европската титула.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП