19 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛопетеги нов селектор на Шпанија

Лопетеги нов селектор на Шпанија

лопети

Поранешниот голман на Барселона Хулен Лопетеги е именуван за нов селектор на фудбалската репрезентација на Шпанија, објави националниот сојуз.

Лопетеги е поранешен тренер на Порто, на клупата тој ќе го наследи Винсенте дел Боске кој замина од функцијата по елиминацијата во осминафиналето на Европското првенство.

Шпанскиот сојуз се реши да му ја даде довербата на Лотепеги бидејќи тој во 2012 и 2013 година со младата репрезентација ја освојуваше европската титула. Во младинските категории има работено со Де Хеа, Бартра, Алкантара, Мората, Иско, Коке, Алкасер…

Шпанија е втората репрезентација од квалификациската група за пласман на светското првенство, во која се наоѓа и Македонија, која во квалификациите ќе влезе со нов селектор.

Италија во средата го назначи Џанпјеро Вентура за нов селектор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП