21 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОМЗТ во група со две поранешни евролигашки екипи

МЗТ во група со две поранешни евролигашки екипи

mzt kosarka1

Врвна кошарка ќе се игра оваа сезона во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, откако македонскиот шампион МЗТ ја прифати понудата да настапува во Еврокупот, а денеска ги доби ривалите во првата фаза.

МЗТ, во првата фаза во Еврокупот, ќе се натпреварува во Ц групата, а за противници ќе има два тима кои минатата сезона играа во Евролигата (Уникаха и Баерн Минхен), еден ривал од АБА лигата (Будуќност од Подгорица), односно руски Зенит и шпанска Мурсија.

Првиот меч МЗТ ќе го одигра на 12-ти октомври во Малага, против Уникаха, додека од групата прв во Скопје ќе гостува Зенит на 19-ти октомври. Првата фаза во Европкупот е предвидено да заврши на 14-ти декември, за кога е предвидено во Скопје да гостува Мурсија.

Во Еврокупот ќе стартуваат 24 екипи, поделени во четири групи, а пласман во наредната рунда ќе изборат најдобрите четири тима од секоја група. Потоа ќе бидат формирани нови четири групи со по четири екипи, ќе бидат одиграни шест кола, а по две најдобри од секоја група ќе се пласираат во четвртфиналето кога ќе започне плејофот.

Во четвртфиналето, полуфиналето и финалето ќе се игра на три победи, а тимот кој ќе го освои Еврокупот ќе избори директен пласман во Евролигата.

grupi-evrokup

Еврокуп сезона 2016/2017:

Група А: Нижњи Новгород, Гран Канарија, Цедевита, Зјелона Гора, АЕК Атина, Литкабелис

Група Б: Химки, Алба, Билбао, Лијетувас Ритас, Волгоград, Партизан

Група Ц: Уникаха, Баерн Минхен, Мурсија, Будуќност, Зенит, МЗТ

Група Д: Локомотив Кубан, Валенсија, Олимпија, Хапоел Ерусалим, Улм, Фуенлебрада.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП