19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВацке: Марио Геце се врати дома

Вацке: Марио Геце се врати дома

maco 99

Фудбалскиот клуб Борусија Дортмунд, на својата официјална страница, потврди дека Марио Геце (24) по три години минати во Баерн се врати на Вестфален.

„Милионерите“ од Дортмунд објавија дека Геце прво ќе треба да ги помине лекарските прегледи, а потоа ќе потпише четиргодишен договор, до 30-ти јуни 2020-та година. Борусија за трансферот издвои 25 милиони евра.

Марио Геце во 2013-та година за сума од 32 милиони евра од Борусија се пресели во минхенски Баерн. За три години во Минхен тој не доби витинска шанса, а во меѓувреме стана национален херој, откако го постигна единствениот гол во финалето на СП во 2014-та година, со кој Германија стана светски првак.

„Од моментот кога замина во Баерн, во 2013-та, се надевав дека еден ден ќе се врати. Многу сум среќен што ова се случи“, вели генералниот директор на Борусија, Ханс-Јоаким Вацке.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП