17 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОCAS: Без руски атлетичари во Рио де Жанеиро

CAS: Без руски атлетичари во Рио де Жанеиро

doping-test

Судот за арбитража во спортот, со седиште во Лозана, (CAS) ја одби жалбата на Атлетската федерација на Русија и ја потврди суспензијата за сите атлетичари од оваа земја на Олимписките игри во Рио де Жанеиро.

CAS со оваа одлука ја поддржа Светската атлетска федерација (IAAF), која претходно ја изрече суспензијата за руските атлетичари. IAAF, одлуката ја донесе поради допинг скандалот, за кој се шпекулира дека удел имала и самата држава.

Паралелно со изречната забрана за 68 руски атлетичари, спортскиот аудиториум ја очекува и одлуката на Меѓународниот олимписки комитет, односно најавата дека Русија може да биде суспендирана од Игрите во Рио, односно да им биде изречна забрана на сите спортисти од оваа земја да се натпреваруваат во Бразил, односно забрана да добијат и спортистите кои имаат изборено олимписка норма, а во кариерите никогаш не користеле недозволени супстанци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП