Пол Погба наредната сезона ќе го носи дресот на Манчестер Јунајтед, тврди влијателниот француски весник L`Equipe. Французите тврдат дека за 23-годишниот фудбалер Јунајтед ќе го плати најголемото обесштетување во историјата на фудбалот, односно дека Јувентус ќе добие 120 милиони евра.
L`Equipe, тврди дека клубовите го договориле трансферот, дека Погба ќе има годишна плата од 15 милиони евра, но италијанските медиуми тврдат дека постојат уште 20 милиони причини зошто работата се уште не е завршена.
Gazzetta, пренесе дека Јунајтед понудил округло 100 милиони евра, но Јувентус нема намера да го пушти Погба за помалку од 120 милиони евра.
„ L`Equipe пишува дека клубовите се договориле, но тоа е демантирано. Проблемот се уште е истиот, односно се работи за 20 милиони евра, Јувентус инсистира сумата да не биде помала од 120 милиони евра. Сепак на крајот Погба ќе заврши во Јунајтед, се друго ќе биде изненадување. Реал? Може во Реал, но само во случај да понудат повеќе пари од Јунајтед, а тоа нема да се случи“, пишува Gazzetta.
Наводно, Погба на пријателите во Торино им кажал дека летово ќе го напушти градот и дека неговиот менаџер Мино Раиола му бара куќа во Манчестер, каде живееше пред четири години, додека беше член на Јунајтед.
Пред четири години Погба, без обесштетување го напушти Манчестер Јунајтед, откако го одби договорот кој му го понуди Алекс Фергусон.
Грешката на сер Алекс сега Јунајтед ќе го чини околу 120 милиони евра.