20 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИДобивката на Intel се намали за половина

Добивката на Intel се намали за половина

Technology 2007 rank: 40 Average pay:

Трошоците за големото преструктуирање на производителот на чипови „Intel“, поврзани со затворањето на илјадници работни места, се одразија и на профитот.

Во изминатото фискално тромесечје компанијата заработила 1,33 милијарди долари (27 центи по акција) – со 51% помалку отколку пред една година, кога добивката беше 2,71 милијарди долари (55 центи по акција). Приходите забележаа скок со 2,6% од 13,2 милијарди долари до 13,53 милијарди долари, објави компанијата по завршувањето на берзанското тргување во САД. Чистата профитна маргина падна од 62,5% на 58,9%.

Трошоците за реструктуирање биле во износ од 1,4 милијарди долари. Tиe се поврзани пред се со намалувањето на 12 илјади работни места во светот до средината на 2017-та година, што е еквивалентно на 11% од работната сила на компанијата. Кратењата се најсериозните во компанијата во последнава деценија и се предизвикани од застојот на пазарот на персонални компјутери. Компанијата со седиште во Санта Клара, Калифорнија, се фокусира на центарот за податоци кој има повисока профитна маргина, а се обидува да ја намали својата зависност од забавувањето на пазарот на персонални компјутери. Акциите на компанијата забележаа пад од речиси 3%.

Најголемиот производител на чипови во светот се претставува добро во својата основна дејност – за чипови за компјутери. И покрај падот во целина пазар намалувањето на приходите од продажба на чипови за компјутери е скромно – со 3% од 7,5 до 7,3 милијарди долари. Лидерот на пазарот има продадено за 15% помалку процесори, но успеа да ја зголеми просечната цена со 13%. Така оперативната добивка во единица отскокнува од 1,6 до 1,9 милијарди долари.

Приходите на вториот основен бизнис за концернот – оној со чипови за сервери и центри за чување податоци, расте со 5% од 3,8 до 4 милијарди долари. Аналитичарот во „Sanford C. Bernstein“, Стејси Расген коментира дека овој раст е помал од очекуваниот од компанијата пораст за годината со двоцифрен процент. Единицата предвиде малку понизок оперативен профит, отколку пред една година, а тој изнесува 1,76 милијарди долари.

Инаку се смета за многуветувачка единицата за чипови која е поврзана со техниката во т.н. „Интернет на нештата“ (поврзување на компјутери, технологија за следење и можноста за комуникација со сите видови на уреди) не успева да се претстави толку добро. Приходите растат со 2% од 559 милиони долари до 572 милиони долари, но оперативната добивка се намалува од 145 милиони до 89 милиони долари.

Кај чиповите за меморија – пазарот е силно погоден од паѓањето на цените, па „Intel“ забележува опаѓање на приходите од 20%.

Најголемиот производител на чипови во светот ги потврди веќе намалените очекувања во април за годишните приходи. Сега се очекува тие да се зголемат за околу 5 отсто, што е под претходната прогноза за опсег од 5-9%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП