19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОBBC: Олердајс нов селектор на Англија

BBC: Олердајс нов селектор на Англија

olderss

Менаџерот на Сандерленд Сем Олердајс ќе биде новиот селектор на фудбалската репрезентација на Англија, а потврда на оваа информација се очекува во наредните 24 часа, објави британскиот сервис BBC.

Олердајс ќе ја напушти менаџерската функција во Сандерленд на која беше назначен пред девет месеци.

Популарниот Биг Сем ќе го наследи Рој Хоџсон, кој по елиминацијата на Англија од Исланд на ЕП поднесе оставка.

Олердајс кој е поранешен тренер на Вест Хем, Болтон и Њукасл, минатата недела разговарал со челниците на англиската федерација и добил предност во однос на тренерот на Хал, Стив Брус, пишува BBC.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП