6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAlfa Romeo 4C Spider ќе престане да се произведува во 2020-та

Alfa Romeo 4C Spider ќе престане да се произведува во 2020-та

spiderce

„Alfa Romeo 4C Spider“ на пазарот е нешто повеќе од една година, а според најновите информации, поради слабата продажба, овој модел нема да добие свој наследник.

Следната генерација на „4C“ е откажана. Всушност, имаше дебата дали тоа значи дека и купе и кабриолет вериите се укинуваат, но секако перспективата на овој автомобил не е ветувачка.

Во „Alfа“ не очекуваа дека „4C“ ќе биде „бестселер“, но овој модел секако не ги исполни очекувањата. Па затоа, „Alfa Romeo 4C Spider“, a веројатно и „4C Coupe“, ќе престанат да се произведуваат во 2020-та година.

Да потсетиме, „4C Spider“ e напредено, лесно спортско купе со каросерија од јаглеродни влакна и турбо мотор со зафатнина од 1,76 литри. Тој испорачува 237Кс и 350Нм максимален вртежен момент. Иако овие бројки не делуваат импресивно, купето до „стотка“ стигнува за само 4,2 секунди со максимална брзина од 257 км/ч.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП