15 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКрањчар: Оптимизмот на Вардар нѐ повикува на внимателност

Крањчар: Оптимизмот на Вардар нѐ повикува на внимателност

dinamo 3535

Динамо Загреб и Вардар, во среда, ќе го одиграат реваншот од второто квалификациско коло во Лигата на шампионите. Пред две недели во Скопје, Динамо победи на првиот натпревар со 2-1.

Во пресрет на натпреварот тренерот на Динамо Златко Крањчар одржа прес конференција, на која потенцираше дека оптимизмот со која Вардар пристигнал во Загреб повикува на внимателност.

„Утре сакаме да го потврдиме добриот резултат од Скопје. Го анализиравме тој натпревар, ќе направиме потребни корекции и утре ќе бидеме уште подобри. Вардар во Загреб доаѓа со многу оптимизам и тоа секако нѐ повикува на внимателност, бидејќи резултатот 2-1 знае да биде многу опасен, особено ако со 100 отсто не влеземе во натпреварот“, рекол Крањчар.

„Тимот е освежен, одморен и подготвен за натпреварот. Објективно и квалитетот и резултатот се на наша страна. Победата против Локомотива покажа дека публиката може да не „крене“, очекувам со помош на публиката да се пласираме во третото претколо“.

Крањчар на прес конференцијата потврдил дека Марко Пјаца, кој се наоѓа пред рекорден трансфер во Италија, ќе биде во тимот од првата минута. Пјаца поради настинка не играше на првиот меч во Скопје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП