17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПјаца против Вардар последен пат ќе игра за Динамо

Пјаца против Вардар последен пат ќе игра за Динамо

pjaca

Хрватскиот репрезентативец Марко Пјаца, потврди дека ќе напушта Динамо Загреб и дека се сели во Италија.

Пјаца не објави која е неговата следна дестинација, но порталот Index.hr, тврди декa тој се сели во Јувентус, а трансферот ќе изнесува околу 23 милиони евра, што ќе биде рекорден трансфер на хрватскиот шампион.

„Утре е мојот последен натпревар во дресот на Динамо“, рекол Пјаца, ден пред мечот на Динамо со Вардар, во второто квалификациско коло во Лигата на шампионите.

Пјаца во 2014 година за милион евра од Локомотива се пресели во Динамо, за „модрите“ има одиграно 60 натпревари и постигнато 19 голови. Беше член на хрватската репрезентација на Хрватска која настапи на ЕУРО 2016.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП