15 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВиктор Треневски нов тренер на Работнички

Виктор Треневски нов тренер на Работнички

viktor trenevski 33

Поранешниот македонски фудбалски репрезентативец Виктор Треневски (43), денеска беше назначен за нов тренер на Работнички. Треневски го наследи Томислав Франц, кој останува во клубот и ќе му биде прв асистент на новиот тренер.

Виктор Треневски 17 пати бил репрезентативец на Македонија, а играчката кариера ја минал во Драва, Копер, Олимпија, Партизан, Будуќност, Пуебла, Пелистер, Силекс, а како тренер работел во Црна Гора и Словенија.

„По оној период кога дел од мојата играчка кариера ја минав во Македoнија, сега добивам шанса да бидам тренер на голем клуб како Работнички. Тоа за мене е голема чест, но и одговорност. Подготвен сум да продолжам со макотрпна работа за да ги оствариме целите и амбициите на клубот. Работнички е тим со одлична клупска атмосфера, тим со млади фудбалери кои се надевам ќе бидат добар темел за идните наши успеси“, рече Треневски на прес конференцијата на која беше промофиран во нов шеф на стручниот штаб на Работнички.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП